Дваесет и четврти мај се слави како празник на сесловенските просветители,
светите браќа Кирил и Методиј.
Тие ги поставиле темелите на словенската писменост и литература, ја развивале културата кај словенските народи и го ширеле христијанството.
Во чест на нивното значајно дело и белег што го оставиле како наследство на идните поколенијата, учениците преку многубројни активности поврзани со нашата азбука во чест на словенската писменост го одбележавме овој голем и значен ден. Нашите ученици тргнуваа од силата на зборот (моќ, знаења, умеења), а основна цел ни беше да ги покажеме големината и значењето на светите словенски браќа.
Низ целиот процес на создавање провејуваше нашата желба да бидеме силни, да бидеме моќни со знаења, да го сакаме и чуваме мајчиниот јазик.
Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители!




















