Oдбележување на Денот на семејството 15 Мај

На ден 15.05.2025 год. го одбележавме Меѓународниот ден на семејството.

Со активностите што ги спроведовме, учениците го потврдија, а и проширија своето знаење за значењето и улогата на семејството.

Активностите беа реализирани преку едукативен и конструктивен пристап. Учениците твореа песни за семејството, пишуваа цитати, цртаа цртежи преку кои ги претставија заедничките моменти поминати со семејството. Научија дека љубовта во семејството е несебична, дека се се сведува на меѓусебна толеранција, почит, меѓусебно разбирање и грижа.

Со овие активности се поттикна свесноста за нивната улога во семејството, како и улогата на секој член во семејството.