На ден 12.05.2025 година во ЦОУ и ПОУ ,со IV одделение ,од страна на претставник на Тексомак, се одржа едукативно предавање за рециклирање на текстилен отпад.
Тексомак е компанија што промовира активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилниот отпад.
Учениците низ кратка презентација и филм беа запознаени со важноста од рециклирање на текстилниот отпад.
Општина Аеродром склучи договор за соработка со Тексомак.
За таа цел низ општината ќе бидат поставени контејнери за селекција на текстилен отпад.





