Новогодишна приредба

Со цел да се зголеми расположението по повод празникот Нова година во нашето училиште на ден 31.12.2019 се одржаа приредби организирани од тимот на наставници задолжени за културно- забавен живот. Потоа учениците во рамките на своите паралелки се забавуваа уживајќи во своите омилени детски песни, лотарија, доделување пакетчиња. Директорката на училиштето Бистрица Станковска, стручната служба и наставниците од ООУ „ Гоце Делчев“ на сите ученици и нивните родители им ја честита Новата година и им посакува успех во истата.