Одбележување на патрониот празник 4.5.2017 година

Гоце Делчев, го дал својот живот за Македонија, за земјата која ја носел во своето срце. 4 мај 2017 година под мотото „Македонијо во срце те носам“ го славиме овој значаен ден, го славиме името и делото на нашиот патрон. На свечената приредба гостите можеа да уживаат во драматизациите, хорските изведби, рециталите и ритмичките точки изведени од учениците , а подготвени од наставниците.Свеченоста се заокружи со драматизација изведена од наставниците и прекрасен огномет! Благодарност до Директорот, вработените во училиштето,наставниците, ученците и родителите, кои придонесоа за успешна реализација на оваа свечена приредба.