Кодекс за наставници

  • Наставникот треба да се грижи за целиот училиштен простор и имот, посебно за кабинетот во кој држи настава;
  • Наставникот треба секогаш да се залага за афирмација на својот предмет;
  • Наставникот треба да го почитува времетраењето на часот;
  • Наставникот да ги евидентира отсутните ученици на почеток на часот и тоа да го прави редовно;
  • Наставикот секогаш и секаде внимава на својот говор, тој треба да е литературен, јасен и достапен;
  • Наставникот треба секогаш да е пример со својот изглед и своето однесување;
  • Наставникот не смее да се изложува во јавноста под дејство на алкохол и дрога;
  • Секој наставник треба професионално да се усовршува преку следење на литература, посета на семинари, курсеви и користење на современа технологија;
  • Наставникот е должен да ја почитува личноста на секој ученик;
  • Наставникот е должен професионално да се однесува за време на часот;
  • Наставникот е должен реално да го оценува знаењето на ученикот без оглед на другите негови оценки;
  • Наставникот треба да го пофалува секој напредок на ученикот;
  • Наставникот треба да настојува ученикот навреме и квалитетно да ги извршува своите задачи;
  • Наставникот не смее да го казнува ученикот телесно и да го малтретира психички;
  • Наставникот е должен редовно да им помага на учениците, преку разни форми на активност;
  • Секој наставник треба да настојува учениците пристојно и дисциплинирано да се однесуваат во училиштето и надвор од него;
  • Наставникот треба редовно и навреме да го повикува и известува родителот за постигнувањата, однесувањето и проблемите на неговото дете;
  • Наставникот треба да го упатува родителот на помош од компетентни лица, во ситуации кога за тоа има потреба;
  • Наставникот треба да го почитува секој свој колега, да соработува, разменува мислења и искуства врзани за работата;
  • Наставникот треба да се ангажира во работата на стручниот актив на кој припаѓа;
  • Наставникот треба редовно да присуствува во работата на одделенскиот и наставничкиот совет во училиштето;
  • Наставникот е должен да ги почитува одлуките од одделенскиот и наставничкиот совет;
  • Наставникот треба да е креатор на пријатна работна атмосфера и позитивна емоционална клима во својата училница;
  • Наставникот треба да гради односи на меѓусебно разбирање, соработка, почитување со учениците и другите вработени;