
На 9 мај годинава започна големата пролетна акција за чистење наречена ,,Генералка викенд” поддржана од Министерството за образование и наука, заедно со Бирото за развој на образованието, каде се организира активноста – Еко час на ниво на целата држава.
За организацијата на Еко часот одделенските и предметните наставници од природните науки заедно со учениците земаа активно учество со практични креативни активности од споделените прирачници, со цел реазлизирање успешна и креативна настава.
Целта е да се усвојуваат знаења за животната средина, да формираат ставови и вредности за заштита на околината од загадување и одржување на здрава и чиста животна средина.
Во централното и во подрачното училиште се спроведе и собирна Еко акција на стара хартија. Со заеднички напори можеме да придонесеме за намалување на загадувањето и да ја заштитиме природата и нашето здравје.