
На 9 Мај ја одбележуваме двојната симболика на овој значаен датум –Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.Со активностите што ги спроведовме, учениците имаа можност да се запознаат со историското значење на денот и со вредностите на мир ,солидарност и соработка помеѓу европските народи.
Активностите беа реализирани преку креативен и едукативен пристап. Учениците цртаа знамиња на европските држави ,истражуваа карактреристики за секоја држава (јазик, познати знаменитости, храна, култура ). Ги наоѓаа државите на географска карта и учеа за нивната положба и главни градови. Со овие активности се поттикна нивната љубопитност ,критичко размислување и почитување на различностите.