Едукативен час во соработка со училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов”

Општина Аеродром и Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, склучи меморандум за соработка со цел поддршка на кампањата за децата од петто одделение за подигнување на свесноста за лицата со оштетен вид.

За таа цел денес нашето училиште ги отвори вратите и срцата за дечињата и нивните едукатори, кои со топло срце ни покажаа како учат дечињата во нивното училиште.

Одлизу се запознавме со Браевата машина и Браевата азбука,ги пишувавме нашите имиња. Се запознавме како функционираат лицата со оштетен вид надвор во општеството.

Ученикот и наш другар од училиштето за слепи и слабовидни на крај не забавуваше со македонски песни кој тој ни ги отсвири. Нашето чувство за емпатија и прифаќање порасна уште поголемо. Го испративме нашиот другар со многу прегратки и желби за повторна идна средба.