
На ден 30.4.2025 во нашето училиште се монтираа 3 смарт табли, ќе се постават 7 PC- десктоп компјутери кои се набавија во рамки на проектот за унапредување на основното образование, реализирано од Министерството за образование и наука, со поддршка од Светска банка.
Со оваа активност се очекува подобрување на реализацијата на наставната програма, поедноставување на процесот на учење со нови методи на работа, и користење на алатки, со што ќе се олесни начинот на објаснување, а и ќе се зголеми интересот и разбирањето на содржините од страна на учениците.
Смарт таблите ќе придонесат за поголема мотивираност и вклученост на учениците во наставата.
Со нивното активно користење, наставните единици ќе бидат презентирани на интерактивен начин, а со тоа наставата ќе биде попривлечна, креативна и ќе им го задржи вниманието на учениците. Ќе се зголеми нивната мотивација и ќе се подобри нивниот успех.
Во следниот период ќе се реализираат обуки за користење на сите перформанси на софтверот на смарт таблите.