
На ден 28.4.2025 година учениците од петтите одделенија беа во посета на археолошкото наоѓалиште, неолитската населба „Тумба Маџари”.
Во „Неолитското село“ има изградени неколку куќи во неолитски стил, во кои се поставени кукли кои вршат некоја активност, но и предмети, вистински или копии на пронајдените, со што на посетителот му се доловува животот во неолитско време.
Посетата се реализираше во рамките на поставените стандарди по историја и општество и изучување на темата „Праисторија и историја“.
Учениците учеа за разликите помеѓу праисторијата и историјата како и за одликите на каменото време.