
Ден 2 мај , со гордост и радост го прославивме патронатот на нашето училиште – ООУ „Гоце Делчев“!
Овој значаен ден го одбележавме со низа креативни и едукативни активности – работилници, исполнети со љубов, знаење и почит кон делото на нашиот Великан.
По тој повод, пред бистата на нашиот патрон беше положено цвеќе од страна на директорката на училиштето Даница Соколова и стручните соработници, в.д. градоначалникот Дејан Митески, претставници од Општина Аеродром и директори од сите училишта во нашата општина.
Горди сме и среќни што нашето училиште го носи името и продолжуваме по неговите чекори – со визија, храброст и стремеж кон подобро утре за сите!
Погледнете дел од атмосферата на овој посебен ден!