
,,Хуманоста не се учи таа се поседува”!
Да се помага секогаш и во секој момент било кому и на кој било начин, без оглед на верска, етничка и национална припадност.” Тоа е доблест за секој поединец и не прави духовно среќни и побогати.
По повод Патрониот празник на училиштето , вработените од централното и подрачното училиште го донираа и подготвија денешниот ручек, 235 оброци пире од компир,риба, салата,сокче и десерт.
Вработените и учениците од ова училиште се наши редовни поддржувачи во борбата против гладот, но овој пат на наше задоволство Директорката Даница Кипријановска Соколова со дел од вработените учествуваа и во подготовката на оброците.