
На 9, 10 и 11.4.2025, беше реализирана тридневната екскурзија со деветтите одделенија. Преку разгледување и посета на значајни природни, културни и историски богатства во нашата држава,
кај учениците се разви позитивен однос
кон националните и културните вредности, чувство на патриотизам, толеранција и соживот, како и меѓусебна социјализација и другарување.
Екскурзијата започна со посета на Тетово и Шарената џамија, по што следеше панорамско разгледување на Маврово, Дебарското езеро, бањата Косоврасти и кањонот на реката Радика.
Ги посетија манастирите „Св. Јован Бигорски” и „Св. Георгиј Победоносец” -Рајчица. Потоа се упатија кон Вевчани и посета на Вевчанските извори. Во попладневните часови пристигнаа во Охрид.
Следниот ден следеше посета на Свети Наум и Заливот на Коските, како и прошетка низ Охридската чаршија.
Третиот ден учениците ја посетија црквата „Св Софија”, „Св. Јован” Канео и локалитетот Плаошник. Од Охрид прошетката ја продолжија кон Битола, каде го посетија археолошкиот локалитет Хераклеа и прошетаа низ Широк Сокак. Среќни и задоволни, во вечерните часови пристигнаа во Скопје.
Одговорни наставници: Ирена Додевска, Магдалена И. Трајковска, Дејан Дамјановски.