
Противпожарниот сојуз на Општина Аеродром на ден 25.3.2025 додели 2 награди во нашето училиште.

Ученичката Михаела Младеновска од V-2 одделение доби книга и диплома за прва награда во категорија одделенска настава за литературна творба на ниво на Општина Аеродром и Град Скопје, а ученичката Симона Амит исто од V-2 одделение доби платно за сликање и диплома за трета награда за ликовна творба на ниво на Општина Аеродром.

Честитки за освоените награди и нека им бидат поттик за понатамошно творење.

Наставник ментор- Тања Јовановска