Проект за унапредување на образованието

👉Изминатиот период во рамки на проектот за унапредување на основното образование, реализирано од Министерството за образование и наука, со поддршка од Светска банка, се склучија договорите за консултантски услуги и договорите за набавка на ИТ опрема и смарт табли. По потпишувањето на договорите започна реализацијата на планираните активности, и тоа : Реализација на туторски часови за ученици роми, обуки за наставници, беше одржан дводневен семинар на кој присуствуваа училишниот психолог, педагог, 3 одделенски и 1 предметен наставник на тема: “Социо-емоционален развој на учениците“. За сите посетени обуки ќе се изврши дисеминација на останатиот наставен кадар.
🎯 Целите на сите планирани активности се подобрување на образовниот процес во училиштето преку унапредување на професионалниот развој на наставниот кадар, подобрување на мотивираноста и добросостојбата на учениците, поголем успех во училиштните постигања, подобрување на материјално-техничките услови за реализација на наставната програма, создавање динамична и интерактивна средина за учење.
🗒Планираните активности продолжуваат да се реализираат до крајот на учебната година.