Одбележување на 8 март- Денот на жената

💐„Биди горда што си жена. Мудра, достоинствена, храбра и силна, а истовремено и нежна и внимателна!”
🌹8-ми март, е меѓународниот ден на жените кој се празнува секоја година. 🌸Овој празник настанал како резултат на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на мажите и жените.
❤️Сакајте ги, почитувајте ги и честитајте им го денешниот ден на вашите најмили а со тоа и ќе им го покажете вашето внимание, а истовремено ќе им го направите денот уште поубав и повесел. ⚘️Во таа чест учениците изработија многубројни подароци за сите припаднички на понежниот пол. Честит празник💐