Обука одржана од Клуб на наставници LEAD

👉На ден 3.4.2025 ( четврток ) во просториите на нашето училиште се одржа обука во рамките на Проектот за унапредување на основното образование кој го добивме од МОН и Светска банка организирана од клубот на наставници ,,LEAD” .
📌Темата на обуката е ,,Судир на генерации и како да се адаптираме на тоа што следи”.
🎯Цели на обуката: Обуката е креирана за да понуди алатки, техники и пристапи кои ќе им помогнат на наставниците не само да ги разберат генерациските разлики, туку и да ги искористат како предност во создавањето на иновативна и мотивирачка училница.
👉Обуката ја следеа стручната служба и наставници од одделенска и предметна настава.
👏Голема благодарност на обучувачите за прекрасната обука и успешна соработка.