Обука за наставници ,,Предизвикувачко однесување”

📌На ден 4.4.2025 наставниците од нашето училиште следеа обука организирана од Одделението за едукација и координација при ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец”-Скопје.
👉Темата на обуката е “Предизвикувачко однесување, со практични вежби”, а реализатори се Роберта Митревска, Јасмина Лукановска и Валентина Киткањ.
🎯Знаењата и вештините стекнати на оваа обука ќе им овозможи на наставниците полесно справување со ученици со предизвикувачко однесување.
👉Обуката се реализираше согласно Акциските планови и Плановите за поддршка, а ја следеа наставници од повеќе училишта од Општина Аеродром.