Одбележување на 21 февруари- Денот на мајчиниот јазик

📜 На 21 Февруари секоја година се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Нашите ученици денес го прославија денот на мајчиниот јазик со низа активности на свој креативен и оригинален начин, а со тоа ја покажаа важноста да си го познаваат, сакаат и ценат јазикот.
📖 Учениците имаа можност да се претстават со своите лични литературни творби кои што беа посветени на најголемото духовно обележје на еден народ, а тоа е мајчиниот јазик.
🇲🇰 Преку нивниот творечки светоглед, беше промовирана идејата за негување и зачувување на мајчиниот јазик, односно на македонскиот јазик како наш долг и свето право.
👉 Јазикот е наше духовно богатство и наследство. Нашиот мајчин, македонски јазик, е наш идентитет и наша основа.Во негова чест, денеска, на часовите по македонски јазик во предметна настава, учениците се потсетија на неговите корени и неговиот развој низ историјата, па до денеска. Твореа прозни и поетски текстови и го чествуваа својот мајчин, македонски јазик.
📖 Да го негуваме нашиот јазик со тоа што ќе го научиме!
🇲🇰 Сакајќи си го својот јазик, ќе ги сакаме и почитуваме и другите јазици.