
Нашето училиште беше дел од училиштата кои учествуваа во проектот „Еко-училиште: ,,Да учиме за циркуларна економија за почиста и здрава животна средина“ во организација на Европско движење во Македонија и во соработка со Општина Аеродром.

Основната цел на проектот беше подигнување на свеста кај учениците за управување со отпадот и значењето на кружната т.е. циркуларна економија преку конкретни активности кои би можеле да бидат спроведени во училиштата.

Најпрво, преку серија обуки реализирани од експерти во областа на животната средина, се спроведе едукација на учениците и менторите.

Учениците, Димитар Стојановски, Михаела Бундевска, Лена Ѓоргиева, Иван Станковски, Ведран Пеев и Калина Анчевска заедно со нивните ментори Анита Гајиќ и Магдалена И. Трајковска , изработија проект за воспоставување на систем за компостирање во училиштето.

На 27 февруари во просториите на Советот на Општината им беше свечено доделена третата награда.


Се надеваме дека ваквите проекти кои ја промовираат важноста на одржливото управување со ресурсите и рециклирањето во училиштата, ќе станат вообичаена практика во иднина.