Едукативно предавање за безбедност во сообраќајот

Денес на 12.2.2025 година , нашето училиште ООУ ,,Гоце Делчев’’Аеродром го посетија претставници од Републички Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тие одржаа предавање во III-1,III-2 и III-3 одделение на тема ,,Правила за малите пешаци”.

Учениците разбраа дека тие како пешаци се учесници во сообраќајот и треба да ги знаат и почитуваат основните сообраќајни правила. Се потсетија на поимите: сообраќај, коловоз,пешачки премин,крстосница,семафор како светлосен сообраќаен знак, видови сообраќајни знаци и др. Научија дека улицата не е место за нивните игри.

На крајот погодуваа гатанки од темата ,,Сообраќај” и добија како подарок Прирачник со правила за малите пешаци и тетратка.