


Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром од денеска добиваат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда.
Скринингот стартува од ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и ќе бидат прегледани сите деветтоодделенци по претходно добиена писмена согласност од родителите или старателите.
Општина Аеродром е прва општина во која се спроведуваат вакви скрининзи кои имаат превентивен карактер.
Му благодарам на директорот на здравствената установа „8-ми Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, кој ја даде иницијативата, а родителите на учениците без двоумење ја прифатија оваа превентивна мерка.
Инаку, д-р Стојаноски ги спроведува скрининзите во училиштата заедно со д-р Невена Маневска.
Остануваме посветени и со заеднички сили создаваме услови за безгрижно и здраво детство на нашите најмили.