Едукативна посета на центарот за рециклирање ,,Гринтех”

Во рамките на активноста за едукативна посета на Центарот за рециклирање на проектот ,, Рециклирање за почист Аеродром “ , денеска, 11.2.2025, учениците од паралелката VIII-3 го посетија центарот ,,Гринтех” – најголема групација на полето на рециклажа на пластика во Југоисточна Европа. При посетата учениците слушнаа предавање за потребата од рециклирање на пластичниот отпад. Овој проект се спроведува од здружението ,,Иницијатива за европска перспектива” поддржан од Општина Аеродром.