Општина Аеродром одбележува 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Општина Аеродром одбележува 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
💐 По тој повод в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со претставници на Општина Аеродром, како и со пратеничката Катерина Димитровска и со делегација на Советот, оддадоа почит и положија цвеќе пред споменикот на нашиот великан во дворот на ООУ „Гоце Делчев” во Горно Лисиче.
🇲🇰 Нека е вечен споменот на нашиот национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деецот на Македонската револуционерна организација, апостолот и срцето на револуционерна Македонија.