
На ден 30.1.2025 година од страна на службени лица од ПС-Аеродром , во рамки на програмата на МВР -,,Безбедност во училиште”, се одржа работилница, на која учество имаа ученици од VII и VIII одделение. На средбата се зборуваше за Насилство на спортски терени за време на спортски натпревар. Службените лица споделија искуства и совети за учениците што не треба да се прави на спортски натпревар. Учениците беа запознаени и со законските норми и одредби , како и казни за време на насилство на натпревар. На средбата започна и тема за Користење на социјалните мрежи, совети и искуства од негативното користење на социјалните мрежи.