Театарска претстава ,, Исполнета желба”

👉На ден 25.12.2024 учениците од II, III и V одд oд централното и подрачното училиште го посетија Театар за деца и младинци и ја проследија театарската претстава „Исполнета желба✨️
🎭Следењето на театарската претстава има за цел кај учениците да се развијат навики за културно однесување во театар, како и љубовта кон театарот и глумата.
🎁Секоја новогодишна желба е посебна и се исполнува на волшебен начин. Токму оваа приказна ни покажа дека искрената желба на едно мало девојче станува реалност. Во нејзиниот пат на исполнување на желбата таа запознава необични, волшебни ликови кои ѝ помагаат, а исто така запознава вистински другар.🎅☃️
✨️Освојувањето на новите хоризонти, исполнувањето на нашите желби секогаш се посилни и пореални со другари.
❤️💫Дајте си шанса за нови пријателства, нови идеи и нови заеднички искрени желби. И кога доаѓа Новата година…
Секоја желба е возможна!✨️