Нашето училиште како дел од проектот Clean AirDrom , во соработка со здружението ,,Изгрејсонце”, одржа работилници на тема ,,Еко-Супер херој”.
Учениците цртаа Супер херои кои се грижат за планетата Земја,испраќаа писмо до иднината и низа други активности со цел да се подигне еколошката свест кај најмладите.
Горди сме на креативноста и знаењата што ги покажаа нашите ученици, а нивните трудови ќе бидат објавени во стрип/сликовница.