Новогодишна приредбa II-2 одделение

✨️Во последните денови од оваа година, учениците од II-2 одделение низ игри и песни ги искажаа своите желби и посакаа насекаде да има само светлина и убави моменти.
😊Нивните насмевки и радост го исполнија просторот со топлина и среќа.
🎊Празничниот дух навлезе во секое срце, создавајќи незаборавни спомени. Спомени кои ќе ги греат душите цела година. 🎄✨