Интересен час по етика

На ден 18.12.2024г, предметната наставничка по Етика м-р Сузана Станковиќ Стефановска одржа отворен час со учениците од VII-1 одд. од ЦОУ “Гоце Делчев” – Аеродром.

На часот присуствуваа директорката Даница Соколова, претставници од стручната служба (дефектологот и библиотекарката) и претставници од стручниот актив.

Часот беше интересен и активен, замислен и реализиран како мал квиз од етички прашања, полн со забава и интересни драматизации на етички дилеми и измислени тематски интервјуа од учениците.

Учениците покажаа солидно знаење за моралот, а преку тимскиот настап и меѓусебната соработка и на практичен начин го покажаа своето етичко знаење.

На тој начин сите ученици беа позитивно високо оценети од својата наставничка, а присутните уживаа во покажаните знаења и умеења на учениците.