
На ден 12.12.2024 год во нашето училиште се реализираше втората работилница -предавање во рамките на програмата на МВР ,,Безбедност во училиштата,, што ја реализираа претставници од ПС Аеродром. На истата учествуваа ученици од 7 и 8 одд. Работилницата беше интерактивна со тема ,,Врсничко насилство- булинг”.
Учениците дискутираа за насилството и какви видови булинг познаваат. Инспекторката ги запозна како да се постапи во случај на насилство,кои се законските одредби во случај на насилство, но и за опасните предизвици на Тик ток како играта Супермен.
На крај упати предупредување во пресрет на празниците за опасноста од консумирање на алкохол како и употребата на пиротехнички средства.
Работилниците и соработката со МВР, продолжува и во второто полугодие.