Грант Апликација за учебна 2024/2025 година

Со гордост ве известуваме дека на ден 18.12.24г. добивме позитивен одговор од Министерството за образование и наука на Република Македонија, со кој е одобрена апликацијата на Грант програмата за финансирање активности за унапредување на квалитетот на работа на училиштата.
👉Подготовката на апликацијата беше долготраен процес кој најпрвин започна со посета на обуки за изготвување на документите согласно новите индикатори за работа на училиштето, по што следеше завршување на Самоевалуацијата на училиштето и изготвување на ревидирана Развојна програма за работа на училиштето.
👉Тимот составен од:
Елена Спасовска – психолог
Силвана Матиловска – педагог
Сузана Павловска– одделенски наставник
Тајна Јовановска – одделенски наставник
Магдалена И. Трајковска – предметен наставник
👏Тимот со големо внимание ја изработи апликацијата согласно Оперативниот прирачник за имплементација на грант-програмата за унапредување на квалитетот на работата на основните училишта и во неа се предвидени активности за унапредување и подобрување на квалитетот на наставата и учењето, како и на целокупното работење на училиштето, што ќе придонесе за зголемување на постигањата на учениците.
👏Изразуваме голема благодарност до тимот кој несебично вложи голем труд и време за темелно да ја подготви апликацијата, до Директорката на училиштето Даница Соколова за укажаната доверба и поддршка, како и на Училишниот одбор, Советот на родители и Наставничкиот совет, кои дадоа поддршка во целиот процес.
🎯Активностите кои се планирани се поддржани од грантот со финансиски средства во износ од 600.000 денари, ќе бидат реализирани во второто полугодие од учебната 2024/25 година.
🍀Посакуваме успешна реализација!