
8 Декември е празник со кој се чествува Свети Климент Охридски, најистакнатиот ученик и најверен продолжувач на творците на словенската писменост Кирил и Методиј. Тој е оригинален словенски писатаел и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа. Учествувал во просветителската мисија за ширење на словенскиот јазик во Велика Моравија. По смртта на неговите свети учители се вратил во охридскиот крај, каде развил богата црковна, педагошка и книжевна дејност. Климент се смета за закрилник и патрон на македонскиот народ. Денес многу цркви, институции, училишта и здруженија го носат неговото име.
За да го чуваме и негуваме неговото големо дело и да ја продолжиме неговата мисија, учениците од нашето училиште твореа, цртаа и сликаа во негова чест.