Едукативно предавање за репродуктивното здравје кај женската полулација

На ден 5.12.24г. и 6.12.24г. нашите ученички од VII, VIII и IX одделение, присуствуваа на предавање на тема : „Разбирање на менструалниот циклус, ПМС и репродуктивното здравје“. Целта на предавањето беше да се разбере што е менструалниот циклус, кои фази го сочинуваат, што е нормално и кога е потребно да се побара помош.

Предавањето беше реализирано од страна на др.Силјаноска од ординација Ложанковски, нутриционистот М-р Емилија од НутриЕм и нашиот училиштен психолог Елена.  Гинекологот ги едуцираше учениците за важноста на грижата за репродуктивното здравје, објаснувајќи ги промените што се случуваат во телото и како да ги препознаат и да се грижат за нив соодветно. Во меѓувреме, нутриционистот ја нагласи важноста на балансираната исхрана во поддршката на менструалното и репродуктивното здравје, учејќи ги учениците како да одржуваат здрава исхрана која позитивно влијае на нивната општа благосостојба. Нашиот психолог зборуваше за психолошките промени за време на менструалниот циклус, како да се грижат за своето ментално здравје, за предменструалниот синдром (ПМС), совети за релаксација, техники на дишење, како и за важноста од прифаќање на промените кои се нормален дел од растењето. Нашите ученички беа многу заинтересирани и активно учествуваа во предавањето, поставуваа прашања и споделуваа сопствени размислувања. Голема благодарност до предавачите за реализација на проектот и донацијата на хигиенски влошки и едукативен материјал.