Денес 20 Ноември ,го одбележуваме Меѓународниот ден на детето.
Во нашето училиште го одбележавме со разни активности. Учениците разбраа дека секое дете треба да си ги знае своите права, да ги почитува, правилно да ги применува и да разговара за нив! Детските права се нивната моќ.
Детските права ги штитат исто како што ги штити чадорот кога врне дожд. И тоа без разлика дали се машко или женско, или каква боја на кожата имаат, или каде живеат… Заеднички,сложно, другаруваа,учеа и играа.
Ние им посакуваме на сите деца да го живеат своето детство, да не им е скратено ниту едно право.
Да живеат чисто како природата ,без стравови без проблеми ,без наметнувања, без притисоци и побарувања.
Секое дете да легне сито и да стане здраво. Секое дете да расте како цвет ,безгрижно и во среќно семејство!
Затоа што ако им ги наполниме батериите со многу љубов, добро воспитување, емпатија, игри и радост уште додека се деца ,ќе станат добри личности!