Одбележување на 24 Мај

Солунските браќа имаат извонредно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значење за светот преку нивната мисија како поттик на епохален цивилизациски процес.

Учениците од Општинското основно училиште ,,Гоце Делчев” во чест на Светлозарниот спомен за солунските браќа Кирил и Методиј денес реализираа низа активности: Историски реферат,  литературни часови со посвета на првите учители. Учениците цитираа податоци од Животописот на Кирил и Методиј и од нивната мисионерска дејност. Презентираа лични литературни и ликовни творби, ги интерпретираа песните ,,Песна за солунските браќа” од Видое Подгорец и ,,Браќата солунски” од Славко Јаневски. Со силата на зборот ги покажавме големината и значењето на светите словенски браќа. Без нивната глаголица, денес листовите хартија ќе ни беа празни. Слава им на еднаквите на апостолите за божествената светлина што им ја оставија на словенските народи.

Да го чуваме и негуваме нивното дело како штит на нашиот идентитет и патоказ на нашата иднина.