Во рамките на проектот Активности за унапредување на меѓуетничката интеграција на учениците учебната 2020/21 год се реализираа низа активности како што се- Здрава храна (Актив на 3 одд ), Ден на планетата Земја (Актив на 4 одд ), Креирање модни елементи и останати изработки – реупотреба на материјали (Актив на 1 одд ), Одбележување на религиозни празници во нашата татковина (Актив на 5 одд).
Целта на овие активности е развивање на креативноста кај учениците, поттикнување за создавање почит кон другарчиња од друга националност, создавање нови пријателства, почитување на различноста, зајакнување на семејните врски.