ERASMUS + „TOGETHER WITH ARTS“ 2020 – 2022
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА УЧЕБНА 2020/2021 ГОДИНА
Во периодот од 1.9.2020 до 31.8.2022, во ООУ „Гоце Делчев“ – Аеродром, се работи на Erasmus + проектот „Together with arts“, или „Заедно во уметноста“, во партнерство со Полска како координатор на проектот, Португалија и Бугарија.
Цели на проектот се:
- Да се изгради врска и толеранција помеѓу нациите и интеркултурната интеграција.
- Да се истакнат подзаборавените занаети и уметности во период од V до XV век, опфаќајќи ја ренесансата, па се до XVIII век.
- Да се опфати средновековната уметност преку скулптурите, архитектурата, со акцент на калиграфијата и везењето како уметности со карактеристики во секоја од партнерските земји, опишувајќи ги орнаментите и изразувајќи ги преку изработки на разни ракописи, везови, уметност на керамички садови, сликање, книги, истакнувајќи висок профил на личности.
Начин на реализација:
- Колаборативна работа на eTwinning платформа
- Учество во професионални работилници за уметност, занаети, фолкор, музика, танц, за време на мобилните размени
- Креирање PPT презентации за уметноста и фолклорните облеки
- Организирање Erasmus + отворени денови со дисеминации
- Организирање уметнички изложби во училиште
- Прикажување на планот на активности
- Еколошки практики
- Стекнување знаење за уметноста, средновековието, заедничките и автентичните уметности на партнер земјите
- Комуникациски активности (eTwinning chatt сесии и видео конференции)
- Развивање мануелни креативни способности и уметност во пишувањето
- Културолошки излети и средби со уметници
- Евалуација на проектот
Крајни конкретни цели и исходи:
- TwinSpace на eTwinning платформа
- Erasmus corner во училиште
- 12 лекции за Европската уметност истакнати во прирачник
- 1 заедничка брошура со сите техники „Do it yourself“ или „Направи сам“
- 6 брошури со заедничка и автентична уметност
- Училишни изложби со изработената креативна уметност
- PPT презентација во врска училишните активности
Реализирани активности во учебна 2020/2021 година:
- Презентација на проектот преку усно запознавање на наставниците – септември 2020
- Конкурс за избор на ученици во проектот – октомври 2020
- Креирање на лого на проектот – октомври, ноември и декември 2020
- Избор на лого на проектот – јануари 2021
- Изработка на Новогодишни честитки – декември 2020
- Презентација за Средновековна уметност во Македонија – ноември, декември 2020, јануари 2021
- Изработка на честитки и декорации за Велигден – февруари, март, април 2021
- Вежби за калиграфија – април 2021
- Чат сесија на eTwinning – TwinSpace, – април 2021
- Изработка на Erasmus + банер за Erasmus corner како задача на проектот, мај 2021
- Прва виртуелна размена во Полска – 21.4.2021 – 23.4.2021
- Финални активности (заедничка уметност помеѓу партнерските земји во тек, извештај на страницата на Европската комисија во тек, изложување на уметничките изработки во тек)
Координатор на проектот : Марија Андонова – наставник