На денешен ден македонскиот народ одбележува 148 години од раѓањето на нашата незаборавна легенда, симболот на македонскиот народ за слобода Гоце Делчев. Претставува чест и гордост што нашето училиште го носи името на овој голем македонски великан. На овој ден му оддадовме посебна почит за се што направил за нас, но и за она што оставил зад себе, со положување свежо цвеќе на бистата во нашиот училиштен двор, од страна на Директорката Бистрица Станковска, читање реферат за неговиот живот и дело, ликовно и литературно творење и украсување на училишните паноа. Учениците ги прошируваат знаењата за Гоцевото дело кое го надживеало своето време и прераснало во позитивно историско наследство на македонскиот народ.