На ден 15.1.2020 година , асоцијацијата за правата на деца и младинци „Ластовица‘‘ од Скопје организираше еднодневен семинар во нашето училиште, како дел од процесот на инклузија кој веќе неколку години активно се применува во нашата земја. Семинарот беше на тема „Стратегии за подршка при работа со ученици со посебни потреби‘‘.Целта на овој семинар беше да се прикажат стратегии во пристапот,работата и поддршката на наставниот и стручниот кадар во редовните училишта.Предавачи на семинарот беа Роберта Митревска и Марија Делетиќ.