На ден 23.12.2019 во рамките на Стручниот актив во подрачното училиште се одржа стручно предавање на тема „Насилството помеѓу младите„ од страна на одд.наставник Ана Веновска. Беа опфатени темите – дефинирање на поимот насилство, видови на врсничко насилство, фактори кои доведуваат до појава на насилно однесување, улогата на училиштето и родителите во превенирање на оваа негативна општествена појава. Предавањето беше интерактивно каде сите учесници земаа активно учество во дискусијата.