На ден 13.12.2019 година учениците од IV и Vодделение се запознаа со поимот „Банка на храна “.
Учениците се запознаа со проблемот на вишок на храна т.е фрлање храна ,какo и проблемот со недостиг на храна особено кај луѓето од ранливите категории.
Учениците беа запознати со можностите за донирање на храна, видот на храната која може да се донира(конзервирана храна, подготвена храна која е уредно спакувана, и др.) и како таа храна понатаму се распределува онаму каде е потребно преку Банката на храна која постои во Македонија која е хуманитарна, непрофитна организација посветена на намалување на сиромаштијата и гладот во РСМ.
Организацијата е основана во 2011 г. и оттогаш дејствува преку мрежа од повеќе од 15 локални граѓански организации ширум 11 општини во државата. Банка за храна МК е проект на Европската федерација на Банки за храна (ФЕБА).