Во периодот од 11 до 15 ноември, Здружените на информатичари на Македонија организираше интернационална наставна активност „Дабар“ 2019.
Натпреварот се изведува во училница и се работи компјутерски.
Нашата држава е меѓу оние со процентуално најголем број учесници на овој популарен меѓународен натпревар кој го поддржале 209 училишта.
Од нашето училиште учество во натпреварот земаа одделенските наставници Тања Јовановска и Тања Дунимаглска Јониќ, со ученици од 3 и 5 одделение. Наставниците и учениците кои учествуваа добија уверенија за учество во натпреварот.
Одделенски наставник
Тајна Јовановска