На 18.11.2019 год. во нашето училиште се одржа отворениот ден за Граѓанско образование.Отворениот ден е дел од реформите во новата програма по граѓанско образование а има за цел презентирање на новиот концепт преку активно учество на учениците во ученички иницијативи за позитивна промена во училиштето и заедницата. Учениците ја презентираа својата активност во училиштето преку одбележување на Денот на мирот и активноста во заедницата преку организирање и реализација на хуманитарната акција. Со цел да го доловиме духот на граѓанските иницијативи, присутните ученици и наставници имавме мала работилница за идентификување на проблем или потреба во училиштето и заедницата. Голема благодарност до сите присутни за конструктивната дискусија која се поведе како и до директорката на училиштето која ги сослуша и им даде објаснувања на потребите и проблемите кои ги идентификуваа учениците.
Одговорен наставник
Магдалена И. Трајковска