Мултиетничка интеграција

По добивањето на грантот од МОН за реализирање активности за унапредување на културализмот и меѓуетничката интеграција и толеранција, тимот од наставници на ООУ„Гоце Делчев“ Аеродром, Скопје, во периодот од март до јуни 2019 година, ги реализираше следниве активности:

1.Истражување за народно творештво ( собирачи на приказни, песни, гатанки, умотворби)

Целта на оваа активност беше да се поттикнуваат учениците на постепено и систематско запознавање со народното творештво на народите од различна етничка припадност и да се поттикне и да се развива чувството на блискост, заедништво и соработка помеѓу учениците од различна етничка припадност.

Тек на активностите:

Учениците на заеднички час по македонски и албански  јазик на добија насоки за истражувачка активност за народни творби истакнати собирачи на умотворби, гатанки, приказни, песни од албанска и македонска етничка припадност. Откако разговараа општо за пишаното народно творештво, беа  поделени во групи, групите беа од мешан состав, секоја група доби задолжение да истражува за конкретна област (1 група за собирачи, втора група народни приказни, трета група песни, четврта група гатанки, умотворби и брзозборки). Избраа по неколку од творбите на двата јазика и истите да ги преведоа на     албански и на македонски јазик. Ги читаа творбите, ги залепија на хамер и    хамерите со изработки ги презентираа пред целата група.

Во оваа актвност учествуваа ученици од петто одделение од албанските и македонските паралелки.

Одговорни за реализација на оваа активност наставниците Марина Васевска, Марјана Мушевска, Габриела С. Ѓошевска, Маја Наслатковска,Љуљзиме Ламалари и Мара Кристо.

2.Изработка на делови од модели со традиционални мотиви

Целта на оваа активност беше  да се развие свесноста за постоење на сличности и разлики во обележјето на сопствената и на другите култури и да се поттикне интересот за традиционалните мотиви  од друга култура (носии, везови, ќилими)

Тек на активностите:

Се одржа средба на која се разговараше за традиционалните мотиви застапени во носиите, везовите на чаршави и ќилими во албанската и македонската култура; По извршените презентации и разговори за боите, мотивите, орнаментите на традиционалните везови застапени на традиционалните изработки учениците беа поделени во три групи , една група изработуваше модел на вез од народна носија, другата модел на вез од чаршави и третата група изработуваше модел на ќилим.  Учениците правеа накит од монистра и цртаа ќилими и носии.

Како модел освен слики послужија и традиционални килими, украси, албанска и македонската народна носија во кои беа облечени ученици а и наставници. За да биде целосно претставувањето на традицијата на двете етнички заедници се слушаше и традиционална музика додека траеа активностите.

Готовите изрботки беа изложени во училишниот хол.

Во оваа активност учествуваа учениците од четврто одделение од албанските и македонските паралелки, како поддршка имаше и родители кои помогнаа за реализирање на активностите.

Одговорни наставници Сузана Павловска, Лилјана Анчевска, Блашка Узунска, Сања С.Атанасовска, Љуљзиме Ламалари и Мара Кристо.

3.Истражувачки и изведбени активности од областа на музичкото образование

Целта на оваа активност беше учениците да се запознаваат со музичкото народно творештво на македонскиот и албанскиот народ, да именувааат и  препознаваат народни ора, песни и инструменти од македонско и албанско музичко творештво, да се развива чувство за емпатија кон другите и различните, да се прошируваат хоризонтите за другите култури во општеството во кое живееме.

Тек на активностите:

За првата активност се одржа заеднички час на кој наставничката по музичко образование Марија Андонова им одржа предавање за музичкото творештво, со тоа ги воведе во целите и активностите и добија насока да донесат снимен материјал (мелографија) од изворни песни од нивни баби и дедовци; Учениците составија прашања за интервју за песните, ората,  инструментите за другата култура, потоа ги разменија прашањата;

– На следниот час учениците беа поделени во 3 групи од мешан состав едната група истажуваше за народни песни, другата група за народни ора и третата група за народни инструменти од македонско и албанско музичко подрачје,на заеднички часови учениците ќе  работеа во групи;истражуваа, слушаа музика, пееја, играа, свиреа,подготвуваа заеднички презентации.

– Учениците ги пееа песните кои ги избраа и истите беа свирени на флејта и на Детски музички инструменти,  а имаа и гости ученици кои веќе се во музичко училиште, кои ги изведоа песните.

-Беше извршена посета на Музичкото балетско училиште и пррезентација на подготвените песни и чекори пред другите ученици.

Одговорни наставници Марија Андонова, Габриела С.Ѓошевска и Љузиме Ламалари

 4.Изведбена активност во рамки на предметот физичко образование и воспитание: „Штафетни игри“

Целта на оваа активност е учениците да учествуваат во игри и да се поттикнуваат на соработка и натпревар во колективни игри;Да им се развива чувство за еднаквост, рамноправност и припадност во групата;Да им се развива способност за позитивно емоционално изразување низ игра и адекватни физички активности.

Тек на активностите:

За оваа активност се одржа состанок на групата на која учениците беа запознаени за штафетните игри кои се планирани да се изведуваат, за карактерот на игрите и начинот на изведување, како и за времето и местото на одржување на игрите;

-На втората средба беа спроведени Штафетните игри , учениците беа поделени во групи од мешан состав и со придружба на родителите. Учениците играа и се натпреваруваа.

-на третата средба учениците со помош на наставниците изработуваа прирачник со насоки за штафетните игри.

Одговорни наставници Драган Соколов, Лилјана Анчевска, Сузана Павловска и Мара Кристо.

 

 

 

Скопје, 2019                                                                                                Директор:

                                                                                                                          Бистрица Станковска