ОТВОРЕН ЧАС ВО V-1 одделение

На ден 31.10.2019 година во V-1 одделение под раководство на одделенски наставник Тања Јовановска, се одржна отворен час по македонски јазик.

Наставната содржина беше расказ „Нови другарки“ чија цел беше учениците да разликуваат говор на ликови и говор на автор како и да ја разберат содржината на текстот преку прашања и одговори. На часот беше применет квиз тест со компјутер, беше организирана драмска игра, техника „Триаголници на слушање“ за составување прашања и одговори, како и техника „Дијамант“ за составување на „Дијамант на другарство“ со убави мисли за значењето на другарството. Како домашна активност учениците добија да состават стрипови за содржината на текстот. Часот е наменет за настанот организиран од МОН во соработка со УНИЦЕФ и Делегација на Европска унија за „Најголемиот час на светот“ со тема „За децата од децата“.

 

Одделенски наставник: Тања Јовановска