Во рамките на светскиот ден на чист воздух во нашето училиште беа иницирани и спроведени низа активности за подигнување на свеста од потребата и значењето на чистиот воздух. За таа цел учениците од одделенска настава твореа ликовно и литературно на тема екологија и чист воздух, се разговараше за опасностите од аеро-загадувањето врз нивното здравје, видови активности треба да се преземат за негово намалување итн. Исто така како една од активностите беше и засадување цвеќиња во училишниот двор, а учениците од 5 одделение возеа велосипеди како една од превентивните мерки за намалување на емитувањето на штетни гасови во природата.