Работилница „Што и колку знам за дислексијата“

На ден 22.10.2019 година, специјалниот едукатор,рехабилитатор во соработка со ученичкиот парламент, одржаа работилница на тема „Што и колку знам за дислексијата‘‘. На оваа активност учениците ги искажаа своите познавања за дислексијата и преку мала презентација се здобија со знаења што е дислексија,како да ја препознаеме дислексијата . Дознаа кои личности што имале дислексија станале познати и успешни.И најбитно од се колку е битно секого да го разбереме, да му помогнеме како би станале подобри и поуспешни личности. Ниедна потешкотија не треба да ни биде пречка ако имаме јасна визија и цел.Патот до успехот е неминовен доколку твојата желба да успееш е доволно голема.