На ден 22.10.2019г. училишниот психолог во просториите на училиштето, со наставниците од одделенска настава реализираше предавање на тема: „ Епилептични напади “. Предавањето е предвидено во Програмата за професионален развој за 2019/20 година, на стручниот актив на одделенска настава. Целта на предавањето беше наставниците да се запознаат со ова комплексно нарушување кое влијае врз повеќе аспекти од детскиот развој и функционирање, како и да се едуцираат како да постапуваат во случај на епилептичен напад во училиште.