Најголемиот час во светот 2019 година

На ден 31.10.2019 година, по покана од Министерството за образование и наука, нашето училиште се приклучи на Најголемиот час во светот 2019 година, активност која произлегува од Усвоената резолуција на Обединетите нации на 25 септември 2015 година, за Трансформирање на нашиот свет: Агенда 2030 за одржлив развој. Целите за одржив развој се да се создаде свет попросперитетен, поправеден, поодржлив за сите. Целта на „Најголемиот час на светот 2019“ беше учениците да замислат иден свет во кој сите детски права се остварени и им е обезбедена одржлива иднина. Часот кој траеше 60 минути се одржа во IV3, V1 и V3 одделение, учениците заедно со своите наставници Лилјана Анчевска, Тања Јовановска и Сузана Павловска, имаа работилница на тема:„ Создавање детство од иднината: За секое дете сите права“. Разговараа за дестките права, за детството, другарството и важноста на исполнувањето на детските права за секое дете, за да расте здраво и среќно. Учениците пишуваа пораки и желби за детството од иднината, за другарството, цртаа цртежи и изработија хамери. Учениците од IX1 и IX2 одделение, на часот по македонски јазик со наставничката Слаѓана Јовановиќ твореа на тема „Иднината на детството“, пишуваа песни, рап-песни и состави.
Преку ваквите активности учениците почнуваат да ја разбираат Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето, дека секое дете има право да биде слушнато, да учествува и да
игра улога во граѓанскиот живот на своето општество.